Помали сигурносни надградби добија и останатите платформи watchOS, tvOS и macOS
Во неделата што беше обележана со големиот сигурносен пропуст во Windows и нападот на ransomware кој го искористи тоа, Apple издаде сигурносна надградба за своите опертивни системи. Помали апдејти добија watchOS, tvOS, macOS како и iOS. Надградбите на сите овие системи во поголемиот дел се од сигурносна природа, што значи дека инсталирањето на апдејтот ќе им донесе на корисниците невидливи промени.
iOS кој од наведените има далеку најмногу корисници донесе закрпи за сите поддржани уред: iPhone 5 и понови, iPad 4-та генерација и понови и iPod Touch 6-та генерација. Вкупно во надградбата се вклучени преку 20 сигурносни подобрувања шро ќе овозможат непречено користење на самиот iOS, како и неговите апликации Safari и iBooks. Целата листа на исправени недостатоци на Apple се наведува на оваа страница.
Поголема безбедносна закрпа доби и MacOS Sierra, сега во верзија 10.12.5 , со повеќе од 30 точки што ги исправува и подобрува новата надградба.
Поврзани артикли