Google повторно го промени дизајнот на иконата на Google Play, која на Android уредите ја означува својата продавница за апликации. Овој пат од целата приказна исчезна познатата шопинг торбичка што беше присутна уште од првиот ден на Android. Најпрвин на торбичката имаше лого на робот што го дизајнираше Ирина Блок само една недела откако во 2007 година беше претставена првата верзија на Android. Името на роботот беше Bugdroid и во тоа време Google Play се викаше Android Market.
Но, со доаѓањето на помодерните верзии на Android, Google мораше дополнително да го прилагодува изгледот на иконите со кои се претставени нивните апликации за Android. Така, најпрвин исчезна Bugdroid, а на торбичката се најде икона со триаголник обоена со боите на Google. Сега пак остана триаголникот, но исчезна вреќичката. Поради тоа, променет е и изгледот на иконата што е видлива кога ќе стигне известување дека во Google Plaу се наоѓа нова верзија на некоја апликација.
Поврзани артикли