Инфлуенсер по име Валерио објави видео од интересен експеримент на TikTok.
Тој сакаше да истражи дали Google ги „прислушува“ корисниците преку микрофонот на лаптоп, телефон или десктоп компјутер.
На почетокот на видеото најави дека ќе зборува за играчки за кучиња, но не го кажа тоа гласно – ја истражуваше темата на интернет, а не наиде на реклами или линкови до неа.
Ги исклучи сите прозорци, а потоа си зборуваше сам на себе за играчките за кучиња, а потоа повторно го отвори прелистувачот и страницата Дејли Меил.
На негово изненадување, на страна се појавија реклами за играчки и храна за кучиња – за работите да бидат уште поинтересни, Валерио нема ни куче.
@learnwithvalerio Follow me for more Tips 📲 #iPhonetricks #Androidtips #Samsungsecrets #smartphonehacks #technology #iphonehack #androidhack #samsunghack #techtrends ♬ suono originale – Valerio’s Tips 🇺🇸
Неговото видео на TikTok го погледнале речиси шест милиони луѓе, а многумина коментираат дека им се случиле слични ситуации.