Социјалната мрежа Инстаграм наводно работи на воведување платена проверка на корисничките профили.

Намерите на Инстаграм ги открил инженерот Алесандро Палуци, а своите тврдења ги базира на кодот. Тој сподели слики од екранот од кодот на апликацијата на социјалните мрежи, покажувајќи ги линиите „IG_NME_PAID_BLUE_BADGE_IDV“ и „FB_NME_PAID_BLUE_BADGE_IDV“.

Тоа јасно укажува дека „платената сина ознака“ се однесува на сините ознаки што ги добиваат профилите на проверените корисници на оваа платформа. FB и IG се однесуваат на Facebook и Instagram, што значи дека Мета размислува за платена верификација на профил на своите платформи. IDV е добро познат акроним за „проверка на идентитетот“.

Палуци откри голем број ненајавени функции во минатото, вклучително и организатор на Инстаграм. Исто така, овој дивелопер наводно открил код поврзан со нов тип на претплата, но сè уште е нејасно дали е директно поврзан со платена верификација.

Twitter Blue е претплата која чини од 8 до 11 долари месечно и им овозможува на корисниците пристап до знак за потврда, како и до некои експериментални функции. Платената верификација беше еден од првите потези на новиот сопственик на Твитер, Илон Маск. Сепак, тоа беше неуспех бидејќи компанијата не спроведе заштитни мерки за да ги спречи корисниците да имитираат компании или познати личности.

Ако Мета навистина работи на платена верификација, тогаш треба да најде начин да не ја повтори грешката на Твитер. Во моментов, многу е тешко да се потврди профилот, а постои и црн пазар за проверка на Инстаграм каде што луѓето плаќаат десетици илјади долари за да добијат ознака на нивниот профил.

Засега нема коментари од Мета за откритието на Палуци.