Твитер работи на нова, уште поскапа Blue претплата, која ќе им овозможи на корисниците да ја прелистуваат платформата без да им бидат прикажувани реклами.

„Рекламите се пречести на Твитер и преголеми. Работиме на тоа да го поправиме во наредните недели. Исто така, ќе има поскапа претплата без реклами“, рече Илон Маск неодамна.

Во САД, Twitter Blue моментално чини 11 долари месечно, кога корисниците се претплатат директно преку апликацијата Twitter за iOS или Android. На интернет, каде што Apple и Google наплаќаат до 30 отсто или каде што не се применуваат купувања во апликација, услугата чини осум долари месечно.

Откако Twitter започна да имплементира редизајниран систем за претплата во ноември минатата година, една од главните продажни точки на услугата беше можноста да се гледаат помалку реклами и реклами во timeline.

Сепак, оваа придобивка сè уште е наведена како „наскоро“ кога ќе се регистрирате за услугата.