Добар број апликации што ги користите на вашиот iPhone на некој начин ја користат и ја снимаат вашата локација и ја складираат во уредот, а оваа опција можете многу лесно да ја исклучите.

Секогаш кога барате насоки за возење или препораки за ресторани и активности, повеќето од вашите апликации и услуги веројатно ги користат податоците за вашата локација на еден или друг начин.

Ако имате iPhone, постои начин да видите список со најновите локации снимени со помош на услугите за локација на вашиот телефон. Таа опција им овозможува на Apple и апликациите од трети страни да собираат податоци за вашата локација, за да можат да ви дадат насоки и предлози кога ќе ја користите подоцна.

Користејќи GPS и Bluetooth, како и Wi-Fi пристапните точки и локациите на мобилните предаватели, Apple може да ја најде приближната локација на вашиот iPhone.

Списокот на вашите следени места е именуван како „Significant locations“. Услугата е целосно шифрирана, што гарантира дека Apple не може да пристапи до овие податоци, туку се користи исклучиво помеѓу вас (вашиот уред) и апликацијата што ги снима.

Significant locations може да се вклучат или исклучат во делот Settings на апликацијата. Еве како да ја прегледате и избришете вашата листа на значајни локации:

  • отворете го менито Settings на вашиот iPhone со допирање на иконата на почетниот екран
  • изберете Privacy
  • допрете Location Services
  • Скролувајте до дното на списокот со апликации што користат услуги за локација и изберете System services
  • кликнете на опцијата Significant Locations.

По автентичноста со лозинката или Face ID, ќе видите список со места што неодамна сте ги посетиле.

Некои корисници на iPhone во последниве години се жалеа на проблеми со вчитување на оваа функција и прикажување на нивната целосна историја на локација, но во повеќето случаи сè ќе биде во ред.

Допрете едно од вашите зачувани места за да видите карта на локациите што неодамна сте ги посетиле.

Ако сакате да ја избришете целата историја на локации, вратете се на списокот „Significant locations“, скролувајте до дното на списокот и притиснете „Clear history“.

За да исклучите Significant locations, поместете го лизгачот на врвот на списокот Significant locations, пишува Business Insider.