Компанијата Boston Dynamics покажа нови вештини на својот робот Atlas.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, Atlas покажува импресивна агилност и умешност. За време на демонстрациите, хуманоидната машина достави торба со алат до врвот на скелето, каде што се наоѓал „работник“ кој претходно заборавил да ја земе со себе.

Откако работникот го активирал, Atlas најпрвин зел табла што ја поставил помеѓу дрвените импровизирани скали и скелето, а потоа ја подигнал чантата од подот. После тоа, тој се качил по скалите, ја поминал таблата одржувајќи рамнотежа, а потоа скокнал на повисоко ниво и ја фрлил торбата со алат кон работникот.

Откако ја завршил задачата, ја турнал дрвена кутија од скелето и скокнал на неа, завршувајќи ја својата „точка“ со салто во воздух.

Импресивно.