Xiaomi повремено објавува освежени верзии на постари телефони, а сега е откриено дека еден таков модел се подготвува за следната година – Redmi Note 11 Pro 2023.

Станува збор за модел кој продолжува по овогодинешниот Redmi Note 11 Pro, но пристигнува со различен чипсет и различен систем на камера. Според извештаите, изданието за 2023 година ќе се напојува со чипсет Snapdragon 712.

Snapdragon 712 не беше најимпресивниот чипсет ниту во 2019 година, кога се појави, а ќе биде уште помалку импресивен следната година. Сепак, може да биде конкурентен со некои други модели од средната класа.

Се очекува Redmi Note 11 Pro 2023 да има систем на камера составен од главен сензор од 108 MP, ултра широк сензор од 8 MP, сензор за длабочина од 2 MP и макро камера од 2 MP.

Телефонот треба да има и 6,7 инчен екран со резолуција од 2400 x 1080 пиксели. Екранот може да биде од типот AMOLED.

Засега нема повеќе детали за моделот Redmi Note 11 Pro 2023, а вестите за телефонот се очекуваат да се појават во наредните месеци.