Американската вселенска агенција НАСА го одложи лансирањето на ракетата SLS како дел од мисијата Артемис 1.

Лансирањето требаше да се случи денеска, но се одложува поради тропската бура Иан. Невремето се формираше во петокот и стана ураган кој се движи кон Куба и Флорида. Тешко е да се предвиди силата на бурата, но натпросечните температури на океаните не се добар знак.

НАСА во секој момент треба да донесе одлука за враќање на ракетата SLS и капсулата Орион во објектот додека ги следи временските услови.

Ако лансирањето не се изврши до 3-ти октомври, најраниот прозорец ќе биде помеѓу 17-ти и 31-ви октомври.

Мисијата Артемис 1 е дел од програмата Артемис, а нејзината цел е да патува околу Месечината и да ја врати капсулата Орион на Земјата. Овој пат летот ќе биде без екипаж, но крајната цел е враќање на луѓето на Месечината.

Жена за прв пат ќе оди на површината на Месечината.