Windows 11 почна да го добива своето прво големо ажурирање во форма Windows 11 2022 Update.

Со Windows 11, Мајкрософт одлучи да се префрли на годишно издание на надградби, што значи дека не мора да прецизира во која половина од годината се објавува ажурирањето, како што беше случајот со претходните верзии на Windows.

Windows 11 беше објавен пред повеќе од една година, а ажурирањето од 2022 година носи голем број нови функции.

Microsoft нагласува дека целта на Windows 11 е да понуди поедноставено искуство што го прави корисникот попродуктивен. Така, новата верзија на Windows вклучува подобра навигација со допир за Snap Layouts, можност за додавање повеќе табови на прелистувачот на Edge, Focus Sessions и функцијата Do Not Disturb.

Компанијата тврди дека Ажурирањето на Windows 11 2022 нуди побрз Searsh, подобро искуство од менито Start, различни додатоци и подобрувања на пристапноста.

Покрај тоа, најновото ажурирање исто така се промовира како врвно за креаторите на содржини и гејмерите, благодарение на фактот што доаѓа во комплет со Clipchamp, нова алатка наречена Windows Studio Effects и голем број подобрувања за игри.

Мајкрософт ја продолжува поддршката за апликациите за Android во Windows 11. Искуството на Amazon Appstore, овозможено од подсистемот Windows за Android (WSA), сега се проширува во 31 нова земја и ќе содржи каталог од 20.000 апликации и игри за Android.

На безбедносен план, Ажурирањето на Windows 11 2022 има сензори за присуство за Windows Hello for Business, како и Smart App Control.

Како и претходните ажурирања на Windows, Ажурирањето за 2022 година ќе пристигне до квалификуваните корисници во бранови и фази и ќе се појави во делот Windows Update.