На некои сопственици на големи колекции на автомобили во одреден момент може да им здодее тоа што го имаат и да побараат нешто ново…

Пред неколку години, двајца такви гости тропнаа во канцеларијата на Хорацио Пагани. Прашаа дали има шанса да се направи модел на Huayra во верзија со „долга опашка“.

Бидејќи сопственикот на овој италијански бренд сака да ги исполнува хировите на своите клиенти, создаден е Pagani Huayra Codalunga, кој ќе биде произведен во само 5 примероци.

Додека предниот дел на каросеријата потсетува на стандардна Huayra, остатокот е значително изменет и продолжен за 360 милиметри.

Дали е убав или не, е прашање на вкус. Погонот го обезбедува AMG мотор со двоен турбополнач. 6.0-литарскиот V12 мотор произведува 840 коњски сили и 1100 Nm вртежен момент.

Сето ова се пренесува на задните тркала.

Потребно е големо искуство за да се совлада ваков моќен автомобил тежок само 1280 килограми. За среќа, Pagani се погрижи за многу напредната аеродинамика, која дури и Huayra Codalung ја „цица“ на асфалтот.

Ваков автомобил чини 7.000.000 евра.