Функцијата Street View на Google Maps доби неколку подобрувања за да ја одбележи својата 15-годишнина.

Најголемата вест е дека историскиот Street View доаѓа на уредите со iOS и Android, а другата е попренослива камера за која Google се надева дека ќе го олесни развојот на Street View во иднина.

Од 2014 година, беше можно да се види како локацијата се менува со текот на времето преку Street View, но оваа функција беше достапна само преку десктоп верзијата на Google Maps. Сепак, апликациите за iOS и Android наскоро ќе ги имаат истите можности. Корисниците ќе пристапат до функцијата со допирање на кое било место на екранот додека го користат режимот „Street View“, по што треба да изберат „see more dates“ за да пристапат до историскиот распоред на локацијата. Google тврди дека ова ќе овозможи „враќање“ во 2007 година кога беше лансиран Street View. Но ова се однесува само на локациите што биле достапни во тоа време.

Google најави и нова попренослива камера која снима под агол до 360 степени. Во моментов, компанијата користи специјални автомобили и големи ранци опремени со камера, но новата камера ги комбинира сите можности во еден уред кој тежи помалку од 6,8 килограми.

Камерата е дизајнирана да му олесни на Google да го развива Street View низ светот и ќе овозможи почести надградби, за разлика од автомобилите опремени со камери за чиј превоз е потребно плаќање. Google ќе може лесно да инсталира нова камера на постоечко возило.

Досега, податоците од Street View се собираа со помош на гломазни камери и нивно фиксирање за речиси сè, од моторни санки до венецијански гондоли.

Новите камери ќе овозможат и подобар приказ на панорамските снимки од 140 MP, но нема да има вградени сензори LIDAR. Сепак, камерата е дизајнирана да биде прилагодлива, така што сензорите може да се додаваат подоцна кога е потребно.

Street View е навистина корисна функција, се користи за додавање нови бизниси на Google Maps, додавање информации за работното време, обезбедување информации за ограничувањата на брзината и слично.

Новата камера ќе почне да се користи следната година.