Летечкиот автомобил AirCar на Klein Vision доби сертификат за летање над Словенија од страна на словачкото тело надлежно за воздухопловен сообраќај. Првиот лет овој автомобил го направи минатата година. Досерга овој автомобил има поминато повеќе од 70 часа воздух.

Сите тестови биле успешни и биле изведени според стандардите на Европската агенција за безбедност во авијацијата, вклучувајќи и 200 полетувања и слетувања по цела Словачка.

„Ние внимателно ги следевме сите фази во развојот на AirCar од самиот почеток во 2017 година. Безбедноста во транспортот е наш приоритет. AirCar е комбинација од врвна иновација и безбедносни мерки кои ги исполнуваат стандардите на EASA. Тој претставува нова категорија спортски автомобил во комбинација со безбедно воздухопловно тело. Давањето сертификат за такво летало е истовремено и предизвик и фасцинантна задача“, рекоа надлежните во словачкото тело за воздухопловен сообраќај.

„Сертификатот за летање е официјален светски сертификат кој се издава во согласност со регулативите на EASA за сите земји-членки. Секоја земја членка има соодветно надлежно тело кое издава сертификати кои важат во сите земји. Тоа значи дека Aircar може да лета и во Велика Британија и ние планираме во иднина да летаме од Лондон до Париз“. рече Атнон Зајац, коосновачот на компанијата.

Автомобилот има 1,6-литарски мотор на BMW со 140 коњски сили, но Klein Vision тестира Adept Airmotive мотор, со кој во иднина би можело да му се овозможи на овој автомобил да лета и до 300 километри на час и да помине должина од 1000 километри.

Со обично притискање на копче овој автомобил се претвора во авион. Автоматски се собираат крилата и се подигаат. Од компанијата се надеваат дека ќе добијат сертификат за производство во наредните 12 месеци.