Во борбата против непрекинатиот смог во полска, научниците тестираат нов топ кој користи звучни бранови за да ги поттурне отровните честички во атмосферата за да им овозможи на жителите да вдишуваат поквалитетен воздух.

Поставен на врвот на метален контејнер, експерименталниот уред се состои од голем наопаку превртен конус кој секои чест секунди испушта гласен звук. Целта е со звукот да се истера змогот од Калварија Жебжидовска, која како и многу други полски градови се сретнува со овој проблем секоја зима кога граѓаните палат печки кои го загадуваат воздухот.

Оџаците испуштаат дуст час, а со заоѓањето на сонцето над градот се спушта густ смог. Воздухот во Полска е мнеѓу најзагадените во Европа и во најголем дел од годината повеќертано ги крши лимитите кои ги поставува ЕУ.

Научниците тврдат дека топот со стварање звучни бранови придонесува за намалување на концентрацијата на штетни ПМ2,5 и ПМ10 честички во градскиот воздух.

Ударниот бран ги отфрла честичките на поголема висина

„Користиме вертикален ударен бран кој настанува со горење на ацетилен и воздух“, вели Доминик Грибод од Металско-рударскиот факултет во Краков, еден од пронаоѓачите на топот.

„Бранот го отфрла загадениот воздух на поголема висина“, рече за АФП. Отровните честички се лансираат неколкус тотици метри во височина, што ги прави безопасни за жителите.

„Ако топот го користиме во временска рамка од половина до еден час, загадувањето се намалува за 15 до 30 отсто во круг од два, три километри од топот“, вели Грибос, додавајќи дека учинокот трае меѓу еден и три часа.

Населението го поддржува тестирањето

Истражувачите се обидуваат да одредат точно на колку време треба да работи топот и траењето на звучните удари, како и времето потребно за цалата постапка.

Цената е проценета на 1.000-1.500 злоти по еден час користење.

Грибос рече дека се надева оти пронајдокот може да има комерцијална примена, посебно во Полска. Жителите на Калварија Жебжидовска главно ја поддржуваат оваа идеја, покрај звукот.

„Овде смогот е многу сут. Не можеме да ги проветриме становите поради смрдеата. Затоа ако тоа помага, нека тестираат. Еднав го слушаме звукот – тоа е како огномет“, вели Јоланта Валковиц, 43-годишна сметководителка.