Програмерите во WhatsApp се блиску до реализација на значаен проект, а тоа е можноста за пренесување на историјата на разговори помеѓу Android и iOS уредите.

Плановите на WhatsApp беа откриени благодарение на кодот во бета верзијата на WhatsApp 22.2.74 наменета за iOS.

Се чини дека процесот ќе бара двата уреди да ја имаат инсталирано апликацијата WhatsApp, а процесот на пренесување на историјата на разговорот најверојатно ќе биде возможен преку кабел или приватна wi-fi конекција. За споредба, другите апликации за допишување складираат и синхронизираат кориснички податоци преку Google Drive, iCloud или нивните сопствени облак услуги.

Засега единствениот начин за синхронизирање на податоците на WhatsApp помеѓу уредите со Android и iOS е да поседувате уред на Samsung и работи еднонасочно, од iPhone до Samsung преку кабел или апликацијата SmartSwitch на Samsung.