Tesla „тивко“ го претстави својот нов ATV со четири тркала наменет за деца.

Станува збор за електричен Cyberquad кој веќе може да се нарача преку веб-страницата на Tesla по цена од 1.900 долари, а испораката се очекува во рок од четири недели.

Ова доаѓа како изненадување откако Cyberquad ATV беше најавен од Tesla пред повеќе од две години како додаток на футуристичкиот електричен Cybertruck.

ATV е дизајниран за деца над осум години, има челична рамка, седиште со перница, прилагодлива суспензија и задни диск сопирачки.

Опремен е со LED осветлување, неговата максимална брзина е 16 км/ч, а досегот е 24 километри.

Има три поставки за брзина, 8 и 16 км/ч напред, како и 8 км/ч назад.

Извор: Klix.ba