Travis Touch е уред кој што во себе има вградено 16 преведувачки сервиси, вклучувајќи ги оние на IBM, Microsoft, и Google. Travis го избира најдобриот „преведувач“ врз основа на тоа кои два јазика преведува корисникот.

Уредот може да преведе 105 јазици, од кои што поголемиот дел се во моментот на зборувањето. Иако поголем број на јазици можат да се преведат и без интернет, сепак за најдобри резултати потребна е онлајн конекција.

Travis Touch функционира така што корисникот избира јазик на екранот со допир или гласовна команда, а потоа го притиска копчето за превод и почнува да зборува. Преведувачот во истиот момент покажува што се зборува на избраниот јазик, па истовремено може да се провери и дали преводот е точен.

Доколку е поврзан со интернет, Travis Touch може да преведе до четири реченици одеднаш. Тимот зад преведувачот е составен од луѓе од 14 различни националности, а канцелариите им се во Амстердам, Холандија, Шенжен, Кина, Лисабон, Португалија и Тривандрум, Индија.

Производот имаше своја кампања на Kickstarter платформата, каде досега собра197.954 долари, а првично побараната сума беше 50.000 долари.