Компанијата Xiaomi ги претстави своите планови за производство на електрични автомобили во март.

Економската агенција за развој Beijing E-Town потврди дека Xiaomi ќе изгради нова фабрика за производство на електрични автомобили во Пекинг и ќе произведуваат до 300.000 илјади примероци годишно. Фабриката ќе се гради во две фази, а масовното производство на електрични возила би требало да почне до 2024 година.

Компанијата сака да изгради и истражувачки т.е продажен центар во Пекинг. Веќе имаат планови за продажба по пат на дистрибутери.

Сепак, има многу работи коишто не се познати за стратегијата на Xiaomi кои се однесуваат на електричните автомобили, а меѓу нив се првите модели и меѓународната експанзија. Успешниот технолошки бренд сака да инвестира 10 милијарди долари во електрични возила во период од 10 години.

Ова е знак дека Xiaomi сака да стане сериозен произведувач на електрични автомобили, не само ривал на кинеските компании Nio и Xpeng туку да се доближи до Tesla.