Флота роботи на тркала со големина на патнички куфер вчера почнаа да разнесуваат пошта низ улиците во Москва.

Националната пошта на Русија и технолошкиот конгломерат Yandex стартуваа со тестирање на партнерскиот проект во кој роботи кои се движат со помош на тркала, благодарение на вештачката интелигенција можат да доставуваат пошта во радиус од два километри околу поштите во Москва.

Во првата фаза од тестот, жителите на Москва ќе можат да изберат робот како опција за достава, а на располагање им се 26 роботи.

Yandex веќе користи 50 роботи за GrubHub севисот за достава на храна на Универзитетот Охајо во САД.

Во САД, бројни синџири ресторани и други бизниси експериментираат со автоматизацијата во производството и логистиката за да го надоместат недостатокот на работници за овие професии.

Извор: Klix.ba