Астрономите пронајдоа знаци од нешто што би можело да биде првата планета досега откриена надвор од нашата галаксија.

Околу нашето Сонце орбиитираат речиси 5000 егзопланетаи, но сите се лоцирани во галаксијата на Млечниот пат. Меѓутоа, телескопот на NASA,  Chandra X-Ray откри сигнал на можна планета во галаксијата Messier 51. Оваа планета се наоѓа 28 милиони светлосни години од Млечниот пат.

Ова откритие е базирано на транзитите, каде што поминувањето на планетата пред ѕвезда блокира нешто од нејзината светлина и предизвикува карактеристичен пад на светлината, кој телескопите можат да го детектираат. Оваа техника веќе се користеше за пронаоѓање на илјадници егзопланети.

„Методот што го развивме и користевме моментно е единствен кој се користи за откривање на планетарни системи во другите галаксии. Тоа е уникатен метод, уникатен и корисен за пронаоѓање планети на било која оддалеченост на која можеме да ја измериме светлосната крива“, изјави др. Росана Ди Стефано.

За да се потврди новото откритие, потребни се уште податоци.