Јапонија е подготвена да започне со работа во областа на воздушните такси возила, што ќе ја направи една од првите земји која ќе воведе eVTOL во бизнисот со споделување транспорт

Japan Airlines (JAL) го започна процесот на утврдување на инфраструктурните и сертификациони барања, како и соодветни партнери, со цел да се формира првиот проект за споделување на воздушен транспорт. Огромен чекор во таа насока е неодамнешниот договор потпишан со Avolon, преку кој JAL се обврзува да купи или закупи 50 eVTOL, со опција за дополнителни 50 единици.

Според претставниците на JAL, ова е стратешки важен чекор во однос на „постигнување револуција во однос на воздушната мобилност во Јапонија“, што значително го намалува негативното влијание на авијацијата врз животната средина.

Леталата eVTOL кои Avolon ќе ги обезбеди за JAL се револуционерниот VA-X4, развиен од Vertical Aerospace. Овој eVTOL има за цел да стане глобално сертифициран. Додека конечно не профункционира во Јапонија, ќе биде признаен од Британската управа за цивилна авијација (САА), Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАЅА) и Јапонското биро за цивилно воздухопловство. Во моментов компаниите кои го потпишаа договорот работат на добивање сертификати за VA-X4 во Јапонија.

За VA-X4 се тврди дека се напојува со „најлесниот и најбезбедниот погон во светот“, развиен заедно со Rolls-Royce. Покрај тоа, соодветен систем за батерии значително ја намалува вкупната тежина, што го олеснува исполнувањето на барањата за сертификат кога станува збор за дизајнот. Друга извонредна карактеристика на овој eVTOL е подобрената управливост и високото ниво на автоматизација.

Летајќи со брзина поголема од 320 km/h, идното јапонско воздушно такси ќе има дострел од повеќе од 160 километри. Покрај тоа што е моќен и еколошки, VA-X4 исто така ќе биде речиси целосно тивок, 100 пати потивок од хеликоптер, и при крстарење и летање.

По официјалната премиера на Осака Кансаи Експо, јапонското vozdu[no такси ќе започне со работа во 2025 година.

Извор: Додај Гас