Првиот таблет на компанијата Realme, наречен Realme Pad, беше објавен во септември и веќе е достапен на некои пазари, а наскоро ќе пристигне и во Европа.

Додека ја чекаме официјалната достапност на таблет уредот во Европа, се појавија можните цени за Realme Pad. Според малопродажниот листинг од Европа, Realme Pad ќе има цена од 239 евра за моделот со 3GB RAM и 32GB простор за складирање.

Доколку корисникот сака 4GB RAM и 64GB простор за складирање, потребно е да издвои 259 евра, додека најмоќниот модел со 6GB RAM и 128GB простор ќе чини 289 евра.

Сè уште не е познато кога Realme Pad ќе биде официјализиран на европските пазари.