Експертите за тенкови велат дека во светот постојат тенкови и потоа во посебна категорија е М1 Abrams, а за таквите тврдења има јасни причини.

Машината која влева страв во коските на непријателот на боиштата секако е американскиот тенк М1 Abrams. Опремен е со главни топови кои можат да испукаат проектили до калибар до 120 мм, исклучително цврст оклоп со дополнителни слоеви челик и осиромашен ураниум и „гасеници“ кои се напојуваат со мотори со гасна турбина. Тоа е навистина совршена машина за уништување, која е изненадувачки подвижна и покрај неговата значителна тежина.

М1 Abrams првично се појави во 1980 година, а беше именуван по американскиот генерал Крејтон Абрамс, истакнат командант на воените операции за време на Виетнамската војна. Овој прв модел послужи како инспирација за верзиите M1A1 и M1A2, кои сепак се потешки и побавни од „оригиналот“, но се опремени со понапредна технологија.

Тенкот е тежок 57 тони, долг е 7,93 метри, со топ од 9,77, широк 3,66 метри и висок 2,44 метри. Дизајниран за четворица членови на екипажот, се напојува со мотор Honeywel AGT1500C кој развива 1.500 КС. Неговиот резервоар може да собере 1.909 литри гориво, додека максималната брзина е 72 км/ч.

Извор: Klix.ba