Американската вселенска агенција NASA денеска лансираше летало во вселената за да ги проучи тројанските астероиди во орбитата на Јупитер.

Ловецот на астероиди наречен Lucy тргна на дванаесетгодишно патување по лансирањето од Кејп Канаверал, Флорида за да овозможи подобро разбирање на потеклото на Сончевиот систем.

Околу 2025 година, леталото ќе прелета покрај првиот астероид, наречен Доналд Јохансон, кој се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер.

Потоа, на крајот на оваа деценија, ќе прелета уште пет астероиди, и конечно во 2033 година, до уште два, секој пат на растојание помало од 600 милји. Меѓу астероидите, најголемиот има дијаметар од околу 113 километри.

Околу 7.000 познати тројански астероиди орбитираат околу Сонцето во две групи, едната пред Јупитер, другата по неа. Научниците сакаат да го проучат нивниот состав и прецизна густина, маса и волумен.

Lucy е именувана по 3,2 милиони години стари скелетни остатоци од човечки предок пронајдени во Етиопија пред речиси половина век.

Мисијата ќе чини 981 милиони долари во текот на сите 12 години лов на астероиди.

Извор: SlobodnaEuropa.rs