Тим научници од Лаос проучуваа лилјаци од четири различни пештери, а кои во себе содржат соеви на коронавирус, слични на SARS-CoV-2.

Новите научни сознанија се само еден чекор во докажувањето дека новиот сој потекнува од природата, а не од лабораторија.

Тимот научници не го пронајде самиот вирусот сарс во лилјаците, но откри делови на коронавирус на кои им се потребни само мали мутации за да станат нов сој.

„Секвенци многу блиски на претходните соеви на вирусот SARS-CoV-2 постојат во природата, пронајдени се кај неколку видови лилјаци од семејството Rhinolophus, стои во студијата која е во процес на научна рецензија и е објавена во предиздавачки облик во Nature Portfolio.

Сепак, додека студијата целосно не ја елиминира теоријата дека вирусот е можеби вештачки создаден во лабораторија, процесот на истражување продолжува за да се добијат целосни одговори.

„Не сум сигурен дека некогаш ќе пронајдеме идентична работа, но тоа што ќе го пронајдеме се вируси кај лилјаци , вируси слични на коронавирусот, вели професорот Стујарт Нил од Кралскиот колеџ, кој не е дел од студијата.

Откриете на научниците во Лаос исто така акцентира дека уште пандемии, како оваа со коронавирусот, се наоѓаат во состојба на мирување во природата. Затоа истакнуваат дека проучувањето на соевите на SARS-CoV-2 ќе помогнат во борбата против потенцијални нови пандемии.