Апликацијата WhatsApp за iOS и Android уредите би требало наскоро да добие нова можност.

Се работи за нова функција која ќе им овозможи на корисниците да пријават одредени пораки на оваа платформа наместо цели четови. Тоа ќе биде екстензија на постоечката опција на пријава која им овозможува на корисниците на WhatsApp да ги пријават поединците и бизнисите врз основа на целиот чет. WhatsApp моментно ја тестира новата функција за Android и iOS уредите. Злонамерните, навредливи и спам пораки се вообичаени на WhatsApp, и покрај фактот што веќче некое време постои опција за пријавување на страна која ги испраќа таквите пораки.

Засега нема официјални детали за новата функција, но медиумите пишуваат дека новиот процес на пријавување ќе биде поинаков од постоечкиот во кој на WhatsApp му се испраќаат последните пет пораки откако корисникот пријави друг бизнис или корисник.

Корисниците на бета верзијата можат да ја видат новата Report опција кога ќе допрат и ќе го задржат прстот на одредена порака. Таа опција сега се наоѓа со постоечките опции Star, Reply, Forward, Copy и Delete.