HP претстави нов дисплеј, едноставно наречен X32. Мониторот го краси едноставен дизајн, без карактеристична гејминг естетика. Затоа спецификациите на мониторот се многу солидни, а има и брзина на освежување од 165Hz и одзив од 1ms за флуидно гејминг искуство.

HP X32 има 32-инчен IPS панел, со 10-битна длабочина на бои, 2560 x 1440p резолуција, има 1ms G2G одзив, контраст од 1000:1 и максимална осветленост од 400 нита, а покрива 99% од sRGB спектарот на бои. Покрај тоа, поддржува AMD FreeSync Premium, со опсег на освежување од 60Hz до 165Hz.

Мониторот е дизајниран за да ги задоволи TÜV Rheinland Eysafe стандардите, со што ги штити очите на корисникот од сина светлина. Покрај тоа, мониторот е компатибилен со најновите конзоли, а го поддржува и Omen Gaming Hub за полесно прилагодување на функциите на екранот.

HP X32 има VESA 100x100mm поддршка, додека од опциите за поврзување се достапни DisplayPort 1.4, HDMI 2.0 и 3.5mm порт.