Google објави дека претстојните Pixel 6 и Pixel 6 Pro на компанијата ќе го користат прилагодениот System on a Chip (SoC) наречен Tensor. Причината за објавувањето на овој чип е тоа што постоечкиот хардвер ги ограничува можностите на Google да го реализира својот максимален потенцијал за AI (вештачка интелигенција) и ML (машинско учење). Со чипот Tensor, компанијата е во можност да ги надмине овие проблеми.

Со текот на претходните годините, Google многу се потпираше на вештачка интелигенција. Со новиот чип Tensor, Google истакнува дека корисниците на Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе добијат нови функции и подобрувања за превод, означување и диктирање, кои не се очекуваат на други уреди. Покрај тоа, ќе им помогне на уредите да работат пофлуидно. На корисниците ќе им биде понудена и подобра сигурност, со подобро безбедносно јадро и Титан М2 чип. Google посочува дека овие карактеристики ќе им овозможат на новите уреди да имаат најмногу слоеви на хардверска безбедност во споредба со другите телефони.

Покрај најавата на Tensor SoC, Google посвети и внимание на испакнатоста на камерите на задната страна на Pixel 6. Компанијата истакнува дека подобрените сензори и леќи се едноставно премногу големи за да се вклопат во традиционалниот квадратест модул, па Google мораше да имплементира нов дизајн, кој го нарекува „camera bar“. Во објава на Twitter, Google посочува дека Pixel 6 Pro има три камери, вклучувајќи телефото сензор со 4x оптички зум, додека Pixel 6 ги има истите камери без телефото објектив.

Корисниците ќе можат да ги купат Pixel 6 и Pixel 6 Pro во три комбинации на бои, а сите модели користат нову материјали и финиши, вклучувајќи лесна избрудена алуминиумска рамка и завршница од матиран алуминиум.

Google не објави кога Pixel 6 серијата телефони ќе се појави во продажба и по која цена, но се очекува уредите да бидат достапни околу октомври.