Samsung веќе некое време работи на 200MP сензор, а се очекува дека новиот ISOCELL најпрвин ќе пристигне на Xiaomi Mi 12 телефонот. Најновите гласини сугерираат дека јужнокорејската компанија планира да објави 50MP камера со RGBW сензор, а ќе се појави на Galaxy S22 телефонот.

Двата сензори ќе бидат претставени во септември, според наводите на Ice Universe. Новиот 50MP RGBW сензор на Samsung би требало да произведува исклучителни фотографии, со низок шум во услови на послаба осветленост.

Стандардниот RGB чип се состои од сензори кои очитуваат црвено, зелено и сино светло и ги меша во соодветните бои. Во прилог на RGBW, постои и LED кој асистира кај чистото бело светло. Во теорија, ова би треба да овозможи подобра обработка во сцените со висок контраст.