Откако пред неколку дена Motorola Edge 20 се појави на рендери, сега има нови фотографии кои го прикажуваат смартфонот.

Досегашните гласини сугерираа дека Edge 20 Pro ќе има закривен екран (како Edge и Edge+), но како што може да се види на рендерите, Motorola се одлучи за рамен панел за сите три модели од годинашната Edge линија телефони.

Motorola Edge 20 Pro би требало да има Snapdragon 870 чипсет, заедно со 6/8/12 GB RAM и 128GB или 256GB простор. Уредот го напојува батерија од 4500mAh.

На задната страна се наоѓа главна камера од 108MP, заедно со 16MP ултраширока со автофокус и перископ телефото со 5X оптички зум. На предната страна има камера од 32MP за селфи и видео повици.

Може да се очекува сензор за отпечатоци од прсти под екранот, можно и Google Assistant копче од левата страна на рамката. Телефонот е прикажан со сина боја на рендерот, а се очекуваат и други варијанти.

Motorola Edge 20 линијата телефони ќе биде официјално претставено на 5 август.