Иако немаше многу луѓе на стадионот, церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Токио беше навистина спектакуларна.

Церемонијата која означи почеток на Игрите траеше неколку часа, а дел од тоа беше и светлосно шоу кое беше направено со помош на 1.824 дронови.

Беспилотните летала беа користени за претворање на логото на Олимписките игри во ротирачки глобус.

Дронови и претходно беа користени на слични начини, а пример е американскиот Супер Боул од 2017 година кога 300 дрона го формирале американското знаме.

Сепак, технички, бројот на дронови што се користеа во Токио не е рекорд, бидејќи таа титула му припаѓа на брендот Genesis од автомобилската марка Hyundai. Во Шангај за време на светлосното шоу тогаш беа користени 3.281 беспилотно летало.

Извор: Klix.ba