Mercedes потврди дека ќе претстави и три нови платформи за електрични возила во 2025 година, како дел од преминот на компанијата кон производител на електрични возила.

Mercedes исто така најави дека до 2025 година, клиентите ќе имаат електрична алтернатива за секој модел што го произведува овој бренд. Овој процес веќе започна, со моделите EQS и S-класата, како и моделите EQV / V, EQC / GLC, EQB / GLB и EQA / GLA.

За започнување на проектот, Mercedes осмислил стратегија која вклучува инвестирање на повеќе од 40 милијарди евра во истражување и развој помеѓу 2022 и 2030 година.

Електричната иднина на производителот се потпира на целосно редизајнирана технологија на батерии, поефикасни електрични мотори и три нови платформи, именувани MB.EA, AMG.EA и VAN.EA.

Платформата MB.EA ќе се користи за идните средни и големи патнички автомобили на компанијата; AMG.EA ќе биде основа на идните спортски модели, а VAN.EA ќе биде основа за електричните комерцијални возила од оваа марка.

Mercedes исто така ќе ја модернизира својата технологијата на својот електромотор, со нова 800v електронска архитектура за своите идни електрични модели.

Mercedes исто така ќе го зголеми производството на батерии за да одговори на растот на побарувачката – компанијата ќе гради осум нови фабрики за производство на батерии низ целиот свет. Засега е планирана една фабрика во САД, а четири низ цела Европа. Новите батерии ќе бидат високо стандардизирани, што значи дека ќе бидат компатибилни со повеќе од 90 проценти од идните модели на компанијата.

Mercedes работи и со партнери како Shell Recharge и Ionity за да го направат попогодно полнењето на нивните електрични автомобили.

Услугата Mercedes me Charge веќе е една од најголемите мрежи за полнење во светот со повеќе од 530 000 точки за полнење ширум светот. Партнерството со Shell Recharge ќе додаде уште 30.000 полначи на таа листа.

До 2022 година, сите фабрики за патнички автомобили и батерии на Mercedes ќе бидат целосно јаглеродно неутрални.

Mercedes ќе работи и на рециклирање на батерии, или користејќи ги како единици за складирање на енергија или расклопувајќи ги и користејќи ги материјалите при производство на нови ќелии.

Извор: Додај Гас