Panasonic го претстави својхот најнов 2-во-1 Toughbook G2, а се работи за одвојлив PC со Windowsom 10 и три кодуларни слота за проширување, под името x-PAK.

Проширувањето нуди дополниотелнио функции како што е сериски интерфејс, термална камера, скенер бар на кодови и SSD кој лесно се инсталира. Новиот ToughBook G2 ќе биде компатибилен со поголем дел од Toughbook 20 i G1 доковите.

Уредот има 10,1-инчен дисплеј способен да достигне 1000 нита осветлување, а го покренуваат Intel Core i5 и i7 vPro процесори и пристигнува со Windows 10 оперативен систем. Toughbook G2 нуди 18,5 часа работен век на батерија, а од предната страна има три копчиња кои можат да се програмираат.

Panasonic Toughbook G2 работи и во таблет и во лаптоп мод, со опционална тастатура и опционален сталак. Останатите функции вклучуваат Wi-Fi 6, Bluetooth 5.1 и Dual SIM конекција. Таблетот може да се конфигурира со 16GB или 32GB RAM и 512GB или 1TB простор за складирање. Toughbook G2 има почетна цена од 2999 долари.