Авионите создаваат голема врева, но еден нов материјал може сето тоа да го промени.

Тим на научници разви нов и неверојатни лесен материјал, кој може да ги „стивне“ моторите на авионот и да ја намали нивната бучава до 16 децибели. Тоа значи дека гласноста на моторот на авионот од 105 децибели може да се сведе на вревата на фенот за коса.

Новиот изолациски материјал би можел да почне да се употребува за 18 месеци, а научниците истакнуваат дека е многу лесен. Се состои од графен оксид и поливинил на алкохол, а неговата тежина по кубен метар изнесува само 2,1 килограми. Тоа значи дека е значително полесен во однос на другите материјали за звучна изолација.

Материајлот би бил дел од авионските мотори, а речиси и не би имало зголемување на тежината. Научниците продолжуваат со работа со цел на оптимизација на материјалот во надеж дека ќе се подобра неговите можности на одведување на топлината, со што би се зголемила сигурноста на авионот и би се намалила потрошувачката на гориво.

Иновативниот материјал би можел да ја промени целата индустрија на авиони, но и да има големо влијание на другите полиња.

Ќе следуваат тестирања со користење на вистински авионски мотори, а во иднина би можел да се користи за моторите на хеликоптерите, автомобилите и слично.