Google Pixel 6 не би требало да се појави уште неколку месеци, под претпоставка дека Google го следи својот типичен есенски распоред на издавање, но веќе се откриени наводните рендери на уредите, кои би требало да ги земеме во предвид. Pixel 6 и Pixel 6 Pro очигледно се „претставени“ уште денеска.

Протечените информации доаѓаат преку YouTube каналот Front Page Tech, а ги поддржа Макс Вајнбах, кој има солидни резултати во врска со раните информации од разни компании. Тука се вели дека рендерите прикажани на сликите се вусшност од реалниот уред.

Според овој извештај, Google ги подготвува Pixel 6 и Pixel 6 Pro, што значи дека би можел да ја исфрлат ознаката XL, што беше користена во неколку модели на Pixel телефони. Иако спецификациите воопшто не се вклучени со овие фотографии, тука го гледаме Pixel 6 со двојна поставка на камерите, заедно со овој Pixel 6 Pro и неговата тројна камера.

Покрај ова, Google оваа година ќе објави и безжични bluetooth слушалки од А Pixel Buds серијата.