Во последните неколку месеци се зборуваше многу за Huawei P50 серијата и воглавно сфативме дека камерата ќе има нов изглед. Се претпоставува во два големи прстена ќе бидат сместени четири камери, вклучувајќи еден голем сензор од 1 инч за главната камера.

Најновите вести за P50 серијата ги донесува рендерот кој на Twitter го објави корисникот @RODENT950. Овој дојавувач наведува дека овие прикази не се прототипи, туку вистински рендери на уредот. На овие прикази е видлива низа на камери во големи прстени, кои прикажуваат три камери во горниот кластер и една во долниот. Се шпекулира дека долната камера е главната камера со огромен сензор.

Претходните протекувања на информациите врзани со овој телефон навистина покажуваа двојни прстени кои се дел од поставките на камерата, но изгледот на камерите под прстените никогаш не беше јасно дефиниран. Шпекулациите во коментарите на твитот сугерираат дека може да постои телефото камера, но не ја гледаме ни перископ камерата. Сепак, информациите велат дека Huawei има три варијанти на P50, па можно е дека тука го гледаме основниот P50 модел

Корисникот @alfavien успеа да ја зумира фотографијата и да открие нешто што изгледа како Leica 13-90 mm камера. некои корисници во коментарите шпрекулираат и дека перископ камерата во P50 може да има променлив зум.

Се говори дека P50 ќе се испорачува со 6,3-инчен екран и центрирана селфи камера. Се шпекулира и дека ќе биде чансиран со 1-инчниот IMX 800 сензор на Sony, а ќе постојат вкупно четири камери. Се очекува дека Huawei P50 триото модели ќе бидат лансирани кон крајот на мај или во јуни.