Twitter неодамна ја најави функцијата на аудио-соба во живо, која ќе има карактеристики слични на Clubhouse. Досега оваа функција беше во јавна бета верзија, а вчера Twitter објави дека секој со повеќе од 600 следбеници може да пристапи до Spaces услугата.

„Денес на сите профили со 600 или повеќе следбеници на Twitter ја донесуваме можноста на хостирање на простор. Врз основа на она што го научивме досега, овие профили веројатно ќе имаат добро искуство во хостирање разговори во живо поради постоечката публика. Пред на сите да им овозможиме создавање на простор, фокусирани сме на тоа да научиме повеќе, да го олесниме откривањето на просторот и да им помогнеме на луѓето да уживаат во него со одлилна публика“, наведува компанијата.

Функцијата Spaces им овоможува на корисниците на Twitter да креираат соби со најмногу 10 учесници. Сите овие учесници можат да зборуваат и водат разговор. Од друга страна,  неограничен број корисници можат да го слушаат стримот. По мало одложување, новата Twitter функција конечно ќе и биде достапна на јавноста. Twitter ја прилагоди функцијата Spaces во текот на последните неколку месеци.

Се очекува дека Twitter Spaces наскоро ќе поддржува повеќе ко-хостови. Понатаму, домаќините ќе можат да наплатуваат пристапен надомест за своите слушалки. Интересно е дека Spaces им овозможува на корисниците да ги распоредуваат и примаат потсетниците. Twitter бара корисниците да имаат најмалку 600 следбеници за креирање на свои „простори“. Кога сакате да одите во живо, на функцијата ќе можете да и пристапите со клик на виолетовото балонче кое ќе се појави на врвот на вашата временска линија. Twitter ги тестира и функциите како што се Поништи испраќање, Преглед на фотографии во целосна големина и поддршка за гласовен DM.