Според најновиот извештај од Тајван, компаниите Xiaomi и Oppo работат на сопствени, прилагодени 5G чипови, кои би можеле да бидат подготвени до крајот на 2021. година.

Компанијата Unosoc од Шангај, која произведува чипови, исто така, работи на чипсет со поддршка за конекциите од следната генерација.

Ова нема да биде првиот чипсет на Xiaomi. Компанијата во 2017. година го претстави Surge S1 чипот, креиран во 28nm процес, а го покренуваше Xiaomi Mi 5c телефонот.

Оттогаш, од компанијата не видовме премногу на полето на чипови, се до појавата на Surge C1 доделениот ISP за Mi Mix Fold камерата. Актуелните информации сугерираат дека Xiaomi ја активираше својата Pinecone дивизија и дека би можел да ги следи чекорите на компаниите Samsung, Huawei и Apple во дизајнирањето на сопствените чипсет платформи.