Тим научници повика на подетално истражување за тоа како сончевата светлина го деактивира, односно онеспособува коронавирусот откако сфатиле дека постои очигледна разлика помеѓу најновата теорија и експерименталните резултати.

Тимот споредил податоци од студија од јули 2020 година во која било пишувано за брзата деактивација на коронавирусот од сончева светлина во лабораториски услови со теорија за деактивација на коронавирусот од страна на соларната радијација објавена само еден месец претходно, односно во јуни 2020 година.

Тие забележале дека вирусoт бил деактивиран и до осум пати побрзо во експериментите отколку што предвидувал неодамнешниот теоретски модел.

– Теоријата претпоставува дека деактивацијата функционира така што УВБ-зраци удираат во РНК на вирусот, притоа оштетувајќи го – истакнува Паоло Луцато-Фегиз, водечки автор и професор по машинство.

Сепак, несогласувањето сугерира дека нешто друго се случува и откривањето на таа енигма може да биде корисно за управувањето со самиот вирус.

УВ-зрачењата во ДНК и РНК лесно се апсорбираат, што може да доведе до формирање на врски кои тешко се поправаат. Но, не сите УВ зраци се со иста должина. Подолгите УВ бранови, наречени УВА, немаат доволно енергија за да му предизвикаат проблеми на вирусот. Токму УВБ-брановите со среден опсег се оние кои се одговорни за уништување на микробите и изложување на сопствените клетки на ризик од оштетување при изложување на сонце.

За возврат, тие молекули можеби се во интеракција со вирусот, притоа забрзувајќи ја деактивацијата.

– Па, научниците сè уште не знаат што се случува. Нашите анализи покажуваат на потребата за дополнителни експерименти за одделно да се тестираат ефектите на одредени бранови должини на светлината и композицијата на средината – вели Паоло.

Ако се покаже дека УВА-зраците можат да го деактивираат коронавирусот, тоа може да се докаже како многу корисно бидејќи има многу евтини ЛЕД-ламби кои се дури и посилни од природната сончева светлина. УВА-зраците, исто така, потенцијално може да се користат за да се засили ефектот на системите за филтрирање на воздухот со релативно мал ризик за човековото здравје.