Аналитичарот Минг-Чи Куо предвидува дека Apple ќе лансира контактни леќи за проширена реалност во 2030-те години. Куо истакна дека леќите ќе ја доведат електрониката од ерата на „видливи компјутери“ во период на „невидливи компјутери“.

Куо изјави дека леќите ќе имаат независна компјутерска сила и складирање, сугерирајќи дека би можеле да се потпрат на врската со iPhone или друг уред, но не понуди никакви детали. Аналитичарот истакна дека ова повеќе звучи како предвидување, а не како загарантиран производ.

Контактните леќи на Apple би можеле да овозможат искуство на „вештачка реалност“ без носење на диоптриски очила или слушалки. Поедноставено, вештачката технологија дава дигитален приказ во реално време.

На пример, лице кое шета надвор, би можело да го види работното време на секој ресторан на кој ќе наиде.

Во блиска иднина, Куо предвидува дека Apple планира да го објави својот долгоочекуван уред за виртуелна и проширена реалност, и тоа кон средината на 2022. година, а потоа и паметните очила до 2025. година.