Иако Realme GT во моментов е во центарот на вниманието, кинеската компанија Realme има и други телефони во подготовка. Еден од нив неодамна се појави на 3D рендери објавени од @OnLeaks, и се чини дека станува збор за достапен телефонски модел чие име засега не е познато.

Телефонот има пресек на предната страна, додека сензорот за отпечатоци е на задната страна и ова се јасни знаци дека не станува збор за премиум телефон, а можеби дури и за модел од средна класа. Уредот има 3,5 мм приклучок и слот за картичка microSD.

На задната страна има три камери, иако едната може да биде само сензор. Овој телефон се чини дека не е дел од серијата Realme 8, која претходно беше предложена со систем на квадратна камера.

Телефонот од рендерот би можел да биде нов модел од C-серијата но тоа се само претпоставки во моментот.

Извор: Benchmark.rs