RedMagic, гејмерски бренд на одделот на ZTE, наречен Nubia, претстави два нови паметни телефони во соработка со кинескиот гејминг гигант Tencent.

Станува збор за моделите RedMagic 6 и RedMagic 6 Pro кои се веќе пуштени во продажба  во Кина, а на другите пазари ќе пристигнат кон крајот на овој месец.

RedMagic 6 има Qualcomm’s Snapdragon 888 процесор, активно ладење со вентилатор, 6,8-инчен OLED екран со 1080p резолуција и брзина на освежување од 165Hz, што значи дека моментно има најбрз екран на пазарот.

RedMagic 6 Pro е речиси идентичен, но доаѓа со 18GB RAM меморија и поддржува 120W полнење од 120W, така што неговата батерија од 4.500mAh може да се наполни за само 17 минути. Од задната страна се сместени три камери од 64, 8 и 2 MP, додека на предната страна селфи камера од 8MP.

Стандардниот RedMagic 6 го напојува поголема батерија од 5.050 mAh, која поддржува побавно 66W полнење, поради што се потребни 38 минути да се наполни во целост.

Паметните  телефони се оптимизирани за апликациите на Tencent, како што се WeChat и QQ, а Solar Core гејминг софтверот исто така е инсталиран и ги подобрува перформансите.

RedMagic 6 чини околу 585 американски долари и доаѓа со 8GB RAM и 128GB интерна меморија, додека RedMagic 6 Pro со 18GB RAM и 128GB внатрешна меморија чини околу 1020 долари.