Подбрендот на Xiaomi, Redmi неодамна ја претстави својата премиум линија телефони за 2021 година, која ја сочинуваат Redmi K40, K40 Pro и K40 Pro+. Иако овие уреди се наменети за кинескиот пазар, гласините сугерираат дека барем еден од нив ќе биде достапен на глобално ниво, во рамките на брендот Poco.

Во меѓувреме, се појави видео од расклопување на Redmi K40 и K40 Pro моделите, кое ни покажува што се наоѓа во внатрешноста на двата уреда.

Redmi K40 користи Snapdragon 870 чипсет и има 48MP главна камера, додека K40 Pro го покренува премиум Snapdragon 888 чипсет и има сензор за главна камера од 64MP. Ова се главните разлики помеѓу двата телефони, ако не ја сметаме цената, а што друго се наоѓа во двата уреда, огледнете во придружното видео.