Европа полека ја намалува зависноста од фосилни горива, а еден извештај вели дека минатата година на Стариот континнет е произведено повеќе електрична енергија од обновливи извори отколку од фосилни горива.

Оваа ситуација никогаш порано не била евидентирана, а податоците покажуваат дека ветерот, сончевата енергија, хидросилата и биомасата обезбедиле 38 проценти од европската електрична енергија, што е зголемување од 34,6 проценти забележано во 2019 година. Процентот на фосилни горива паднал на 37 проценти.

Најголемите фактори на страната на чистата енергија се сончевата енергија и ветерот, кои пораснале за 15 и 9 проценти. Земјите кои дадоа најголем придонес за ова се Холандија, Шведска и Белгија.

Јагленот и нуклеарната енергија паднале за 20 и 10 проценти, а нуклеарната енергија е засебна категорија во однос на обновливите извори на енергија и фосилните горива. Плинот и натаму е популарен на Стариот континент и останал компаративно евтин во текот на пандемијата на коронавирусот и поради тоа забележал пад од само 4 отсто во период од 12 месеци. Сепак, процентот е поголем за 14 проценти во споредба со 2015 година. Во Грција, Холандија и Полска, зголемен е процентот накористење на плин. Затоа, ветарот и соларната енергија ефикасно го заменуваат јагленот повеќе од плинот, барем во овој момент кога станува збор за Европа.

Стариот континент полека се движи во овој правец веќе некое време, а некои земји како Велика Британија минатата година успеале да создадат повеќе енергија од обновливи извори отколку од фосилни горива.

Пандемијата на коронавирусот, сепак, имала мало влијание на оваа состојба.

Европа мора тројно да го зголеми растот на енергијата добиена со помош на соларна енергија и ветар, за да се исполнат целите до 2030 година.