Samsung Display објави повеќе детали за новата генерација штедливи OLED панели, кои во моментно го красат неодамна претставениот Galaxy S21 Ultra телефон. Покрај тоа што е поштедлив, екранот е сега и посветол.

OLED ја намалува потрошувачката за 16 проценти, додека ја зголемува осветленоста. Знаеме дека OLED користи органски диоди кои емитуваат светлина, а Samsung креираше нов материјал што ја зголемува брзината на движење на електроните, со што се зголемува осветленоста.

Се очекува дека Samsung ќе создаде нова генерација OLED панели и за другите производители, но не е познато кога новата технологија ќе се појави на пазарот во производите за широка потрошувачка.

Засега, единствениот начин да се искуси новата технологија е да се купите Galaxy S21 Ultra моделот.