Секој разговор за електричните автомобили има неизбежна тема, а тоа се нивните батерии, времето на полнење и досегот.

Времето на полнење на батериите на електричните автомобили е сè уште далеку од идеално, а тоа е токму проблемот што се обидува да го реши израелскиот стартап StoreDot.

Овој стартап развива батерии за електрични возила од сите видови, вклучително и електронски скутери и автомобили, а се работи за батерии што се полнат за само пет минути.

Батериските ќелии се производ на кинеската компанија EVE Energy и се разликуваат во однос на традиционалните батерии, бидејќи во анодата содржат металоидни наночестички наместо графит. StoreDot тврди дека ова е клучен чекор за надминување на проблемите поврзани со безбедноста и траењето на батеријата. Во иднина, израелскиот стартап има намера да користи силикон наместо германиум за овие наночестички, поради што батериите би требало да бидат поевтини.

Електричен автомобил чија батерија се полни за пет минути може да го реши проблемот со редиците на станиците за полнење, како и да го намали стресот предизвикан од загриженоста за опсегот на електричниот автомобил.

Меѓутоа, на ова ќе мора да се почека, бидејќи се потребни посилни полначи за напојување на ваква батерија. StarDot верува дека до 2025 година, со постојната инфраструктура, батеријата ќе може да обезбеди опсег од 160 км, по само пет минути полнење.

Во StoreDot инвестираат Daimler, BP, TDK и Samsung. И другите компании, вклучувајќи ги Tesla Motors и Enevate, исто така, развиваат батерии за брзо полнење.