Старите паметни телефони можат да се искористат на различни начини, а Универзитетот Чилалонгкорн на Тајланд ги претвора во микроскопи.

Тајландскиот универзитет искористи околу 500 стари донирани паметни телефони и ги претвори во микроскопи за студенти. Во училиштата и универзитетите во оваа земја недостасува научна опрема, па така паметните телефони послужиле како алтернатива.

Планот на Универзитетот е на ваков начин да бидат направени околу 2,500 микроскопи.

Детали за овие микроскопи нема, освен тоа дека се користат таканаречените CU Smart Lens.

И покрај тоа што нема премногу детали, ова е сигурно значаен проект затоа што им помага на студентите, а истовремено се намалува и количината на електронски отпад.

Извор: Klix.ba