Соларниот фрижидер е еден од одговорите на бројните предизвици во транспортот и складирањето на вакцините против корона вирус во Африка.

Ако се знае дека вакцините на „Фајзер/Бионтек“ треба да се чуваат на температура од -75 степени Целзиусови, а оние на „Модерна“ на -20 степени Целзиусови, тогаш јасно е дека за тоа се потребни посебни фрижидери. Вакцините на Универзитетот Оксфорд и компанијата „АстраЗенека“ бараат температури од два до осум степени што е доволно во обичен фрижидер.

Копманијата ПЕГ Африка произведува уреди со соларни панели и ги продава во државите од западна Африка. За да се овозможи дистрибуција на вакцините, компанијата почна да произведува соларни уреди потребни на здравствениот систем. Во тоа ги поддржа организацијата „Силна Африка“ потпомогната од УСАИНД.

Меѓу тие уреди се и соларни фрижидери. Според директорот на ПЕГ Африка, Хју Валан, фрижидерите се направени токму за транспорт на вакцините. Порано компанијата беше посветена на производство на уреди кои ќе обезбедат студен синџир за транспорт на храна.

Валан се надева дека по тестирањето фрижидерите ќе бидат користени во процесот на вакцинација. Од двата добавувачи со кои работи компанијата, еден веќе доби сертификат за квалитет и сигурност од Светската здравствена организација. Постои можност и вториот да добие.

Најголем предизвик е да се достави вакцината до местото каде лицето треба да ја прими. Така, стартап компанијата ГРИЦД се надева дека ќе придонесе во решавањето на овој проблем во Нигерија. Тие почнаа со производство на соларни ладилници. Во нив може да се постигне температура од -20 степени Целзиусови.

Можно е да се контролираат далечински, а компанијата соработуваше со нигерискиот Национален центар за контрола на заразни болести и со Институтот за медицински истражувања со цел собирање примероци од корона вирус во оддалечени подрачја.

Стартапот воспостави и контрола со здравствени компании во Јужноафриканската Република, Гана и Египет, изјави основачот на ГРИЦД, Огенетега Иортим.

Зафатнитнината на фрижидерите изнесува 15-100 литри, а во нив може да се стават 200 дози вакцини. Фрижидерите со зафатнина од 15 литри се наменети за најоддалечените краишта.

Може да се користат во секаков транспорт, со чамец, мотоцикл или може да се носат на грб. Предноста на соларните фрижидери е во тоа што може да се користат таму каде нема електрична енергија.

„Ако нешто тргне на лошо, се вклучува аларм, па може навремено да се реагира и да се заштитат вакцините“, вели Иортим.

 

Извор: Klix.ba