Враќањето на избришани SMS пораки на Android не е лесна задача. Најбрзиот и најефикасниот начин е да користите Google Drive, односно често да креирате резервни копии од вашите податоци (бекап).

Се разбира, SMS пораките не одат во „корпата за отпадоци“, туку се бришат од уредот. Сепак, како и кај повеќето работи, постои решение. Не можете да спасите сè со овој метод. Сепак, нема да ве чини да пробате.

Како да спасите избришана SMS порака користејќи Google Backup

Голем број Android уреди се конфигурирани автоматски да прават резервна копија на Google Drive. Ако вашиот телефон го прави ова автоматски, можеби ќе можете да спасите избришани пораки.

За жал, дури и ако направите резервна копија пред да ја избришете текстуалната порака, ќе морате да го вратите телефонот на фабрички поставки, а потоа да му ја вратите целата резервна копија. Процедурата е еднакво долга како што звучи и може да резултира со губење на податоците, создадени по снимањето на сигурносната копија.

1. Стартувајте го Google Drive.

2. Изберете ги трите хоризонтални „цртички“ во горниот десен агол, а потоа „Backups“.

3. Ако го видите делот „This device“, изберете ја сигурносната копија.

4. На страницата „Details“, пронајдете го делот каде што пишува SMS и проверете го датумот на последниот бекап. Ако датумот е порано од денот кога сте ја избришале пораката, во предвид доаѓа опцијата за ресетирање на телефонот. Ако не, немате среќа.