Во Амазонската прашума се откриени карпи на кои се насликани десетина илјади животни и луѓе. Цртежите се стари 12.500 години и сè уште се јасно видливи на ѕидот, кој се протега скоро 8 км и се наоѓа во Колумбија.

Археолозите го одредија датумот на постоење според приказите на веќе изумрени животни од ледено доба. На пример, насликан е праисториски роднина на слон кој во Јужна Америка го нема повеќе од 12.000 години. Има и цртеж од изумрен вид на камила

Сите овие животни се насликани од првите луѓе кои стигнале до Амазон, а овие цртежи даваат подлабок увид во изгубена древна цивилизација.

Археолозите велат дека станува збор за голем број цртежи кои и идните генерации ќе ги проучуваат.

Цртежите вклучуваат риби, желки, гуштери и птици, како и луѓе кои танцуваат и се држат за раце. Многу се детални, така што на коњот може да се види и коњското влакно. Некои цртежи се многу високи и до нив може да се дојде само со дронови.

Ѕидот е откриен минатата година, но сето ова се држеше во тајност бидејќи беше снимена серија за Channel 4, која ќе биде прикажа во декември. Станува збор за серијата „Jungle Mystery: Lost Kingdoms of Amazon“, со почеток од 5 декември на Channel 4.

Извор: Klix.ba